All for Joomla All for Webmasters

worktime08.30 до 16.30
Пон до Пет

 
 

email2Е-маил info@matrona.org.mk

 

mkeng ALB



Целна група на здружението е целата општа популација.

Целна група се и други вклучени и засегнати партнери: здравствени установи и институции, образовни институции, други релевантни институции, граѓански организации и општата јавност.

Членувањето во организацијата е доброволно. Член на организацијата може да биде физичко и правно, домашно и странско лице, кое доброволно ќе пристапи со давање писмена изјава, а врз основа на претходен придонес во работата на Здружението која се цени од Извршниот одбор. Член на Здружението може да биде секој граѓанин на Република Македонија кој доброволно ќе пристапи кон Здружението со пополнување на пристапница и прифаќање на Статутот на Здружението, а врз основа на претходен придонес во работата на Здружението која се цени од Извршниот одбор.

Малолетно лице со наполнети 14 години може да биде член на организацијата, со давање писмена изјава за согласност од неговиот законски застапник за зачленување. Лица со ограничена деловна способност или лица на кои им е одземена деловната способност можат да бидат членови на организацијата со давање писмена изјава за согласност од неговиот законски застапник за зачленување.