Здружение на граѓани за промоција и поддршка на здравјето и заштита на човекови права МАТРОНА ИНТЛ Скопје
Нашиот главен фокус е вложување во современо здравство и поздрава иднина за нашите граѓани. Една од таквите активности е секако и постојаната поддршка и информирање на јавноста за важноста на доењето за идните генерации. Покрај нашите главни цели, поддржуваме и организираме и многу други проекти кои се за информирање на трудниците за поздрава иднина.
Визија, мисија, цели
Визијата, мисијата, долгорочните цели, вредностите и дејностите на Здружението се утврдуваат со соодветни долгорочни и среднорочни документи за генерална политика и стратегија утврдени од органите на организацијата.
Визија
Визијата на здружението е здрав животен стил, здраво детство и подобри услови за раст и развој на секое дете и загарантирани права на секој човек за рамноправен пристап во општеството.
Мисија
Мисијата на здружението е да ја поттикнува и на различни начини да врши промоција и поддршка за унапредување на здравјето на севкупната заедница, здрав животен стил и навики, подобрување на условите за правител раст и развој на сите деца како и да работи на создавање соодветни услови за секој човек (дете) да може слободно да ги практикува и добива загарантираните човекови права.
Општи цели на здружението
1. Промоција, поддршка и унапредување на здравјето и здрав животен стил, социјалните и човекови права на целата популација, како и заштита на правата на децата за нивен развој;
2. Градење достапни канали за информација и едукација на заедницата за здрав животен стил, зачувување на здравјето и превенција на болести;
3. Придонесување и креирање можност за поддршка на поединци и групи на кои истата им е потребна;
4. Подигање на свесноста за значајни теми поврзани со здравјето;
5. Создавање услови за еднакви можности за сите и загарантирани човекови права за сите;
6. Придонесување кон подобрување на условите за развој на децата во заедницата и заштита на нивните права;
7. Надоградување на здружението како иновативна и хуманитарна, организација со кредибилитет и способност за партнерства.