All for Joomla All for Webmasters

worktime08.30 до 16.30
Пон до Пет

 
 

email2Е-маил info@matrona.org.mk

 

mkeng ALB



Работилници за доење

Прим. д-р Марина Поп- Лазарова не едуцира за улогата на мајчиното млеко и кои се предусловите за успешно доење... 
На Ваше барање, а со наше огромно задоволство, континуирано организираме едукативните работилници со цел мајките и идините мајки навремено да се информираат како успешно да го дојат своето бебе. Матрона во соработка со компании- партнери организира бесплатни работилници за мајките низ Македонија.

(2019) НВО Матрона - СВЕТСКА НЕДЕЛА НА ДОЕЊЕ - Кафе дружење со Др.Марина Поп Лазарова

(2019) НВО Матрона, центар за промоција на здравје и човекови права, оваа година по повод Светската недела на доење активно споделуваше приказни за доење на социјалната мрежа facebook #prikaznizadoenjeкаде што мајките раскажуваа за своите успешни, упорни приказни за доење, со цел да ги инспирираме и поттикнеме сите идни мајки да ги дојат своите малечки, бидејќи ништо не може да го замени мајчиното млеко, а доењето е најдобриот избор за бебето и мајката.

(2018) НВО Матрона, центар за промоција на здравје и човекови права, оваа година по повод Светската недела на доење активно споделуваше приказни за доење на социјалната мрежа facebook #prikaznizadoenje, каде што мајките раскажуваа за своите успешни, упорни приказни за доење, со цел да ги инспирираме и поттикнеме сите идни мајки да ги дојат своите малечки, бидејќи ништо не може да го замени мајчиното млеко, а доењето е најдобриот избор за бебето и мајката. Им се заблагодаруваме на сите мајки кои ја споделија својата приказна за доење со нас. Воедно, го најавуваме нашиот нов проект Breastfeeding Friends - Пријатели на доењето со кој ќе градиме заедница на субјекти/поддржувачи (ресторани, кафулиња, компании, институции) за заеднички да помогнеме во подигнување на свесноста за доењето. Како дел од активностите во овој проект, НВО Матрона ќе направи истражување преку анкетирање на целните групи. Целта на анкетата е да ја истражиме спремноста на општеството во поддршката на мајките за јавно доење и да дадеме поттик за сите идни мајки да ги дојат своите бебиња.

(2015) НВО Матрона, центар за промоција на здравје и човекови права, во соработка со Здружението на педијатрите на РМ, Здружението на неонатолози на РМ, Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство и Здравствениот дом Скопје ја одбележaa глобалната недела на доењето со серија едукативни предавања и практични работилници поврзани со доењето пренесувајќи ја пораката надвор од здравствените институции во јавноста. Покровители на настанот беа Би-МЕК, претставник на Medela, светски лидер за производи за подршка на доењето и City Mall Скопје, а е поддржан и од Клиничката болница Аџибадем Систина, болница Ремедика и болница Плодност.

Видео од настанот - https://www.youtube.com/watch?v=ZVuTsuWkAwI

Објави во медиуми

- Доење и работа - да го направиме тоа реалност
- Одбележана светска недела на доење
- Светска недела на доење

 

Светска недела на доење 2015 година

1.JPG 10.JPG 11.JPG 12.JPG 13.JPG 14.JPG 15.jpg 16.jpg 17.jpg 18.jpg 19.jpg 2.JPG 3.JPG 4.JPG 5.JPG 6.JPG 7.JPG 8.JPG 9.JPG